Со измените на Уредбите за спроведување на царинскиот закон и за ослободувањето од плаќање на увозни давачки кои стапија на сила од денеска, нема да се плаќа царина за малите пратки во вредност до 90 евра.
До сега прагот на ослободување од царина беше 45 евра.
Од Министерството за финансии се решија на овој чекор заради зголемувањето на е-трговијата како и во насока на спроведување на препораките на Европската Комисија.
Според податоците на Државниот завод за статистика онлајн купувањето во Северна Македонија во 2019 година е зголемено за 14% во споредба со претходната година.
Од Агенцијата за пошти укажуваат дека одлуката не само што ќе придонесе за зголемување на вкупните капацитети на е- трговијата туку ќе влијае и за раздвижување на нивната дејност.