Министерот Филипче вели дека притисокот врз здравствениот систем спласнува, ама дека, поради природата на болеста, нема многу простор за опуштање
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека од бројот на нови случаи на ковид-19 и од притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период зависи дали ќе има нови рестриктивни мерки и продолжување на полицискиот час и за претстојните верски празници.
Одлуката за тоа, како што рече Филипче во гостување на Сител, ќе се носи во текот на следната седмица.
Тој нагласи дека состојбата со ковид-19 се стабилизира и дека спласнува притисокот врз болниците, иако, како што рече, голем дел од одделенијата кои примаат ковид – пациенти не се целосно ослободени. поради тоа што се уште има голем број на дијагностицирани кои, поради карактеристиките на болеста и подоцнежното влошување на состојбата, постои можност да побараат медицинска помош во следниот период.
„Веќе на почеток на оваа недела најавивме дека ако продолжат овие трендови угостителските објекти ќе може да се вратат во функција, под посебни услови, да се скрати полицискиот час за 1 час, а во текот на следната недела повторно, согласно бројките, согласно притисокот за прием на пацинети кон болниците, да одлучуваме како и какви мерки ќе носиме понатаму“,
рече Филипче.
Министерот истакна дека, на средбата со верскте лидери упатил, посочил дека треба да апелираат до верниците да ги почитуваат мерките за време на посета на верските објекти.