Пријавени се вкупно 47 починати лица. Меѓутоа, не се сите во последните 24 часа. Како што информираа од Министерството за здравство, 15 од овие 47 лица се починати во текот на март во една приватна клиника, а истите се пријавени денеска
Во последните 24 часа се направени 2 865 тестирања од кои се регистрирани се 627 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 218, Битола – 66, Куманово – 54, Прилеп – 31, Охрид – 22, Струмица – 21, Тетово – 20, Велес – 19, Штип – 18, Кавадарци – 16, Гостивар и Кичево – по 15, Кочани – 13, Гевгелија – 12, Свети Николе и Берово – по 9, Струга – 8, Дебар – 7, Ресен и Виница – по 6, Валандово – 5, Неготино, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 4, Крива Паланка, Кратово и Македонски Брод – по 3, Богданци и Македонска Каменица – по 2.
Регистрирани се 765 оздравени пациенти од: Скопје – 387, Кавадарци – 57, Битола – 50, Прилеп – 37, Куманово – 35, Велес – 30, Неготино – 25, Тетово – 22, Штип – 17, Кочани – 16, Ресен – 12, Гостивар – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 8, Радовиш и Демир Капија – по 7, Крива Паланка – 6, Кичево, Свети Николе и Берово – по 4, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Виница, Пехчево, Кратово и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 47 починати лица. Меѓутоа, не се сите во последните 24 часа. Како што информираа од Министерството за здравство, 15 од овие 47 лица се починати во текот на март во една приватна клиника, а истите се пријавени денеска.
Возраста и потеклото на 47 жртви е следна: 22 од Скопје (45г, 52 г, 57 г, 58 г, 60 г, 61 г, 62 г, 63 г, 63 г, 65 г, 68 г, 68 г, 69 г, 76 г, 77 г, 81 г, 82 г, 82 г, 82 г, 82 г, 83 г и 89 г), 3 починати лица од Берово (71г, 72 г, и 78 г), по 2 од Кавадарци (61г, и 82 г), Битола (53г и 73 г), Прилеп (58г и 78 г), Куманово (45г и 66 г), Тетово (72г и 78 г), Радовиш (60г и 70 г), Струга (68г и 92 г) и Охрид (49г и 72 г) и по 1 лице е пријавено од Велес (83г), Неготино (80г), Штип (83г), Струмица (79г), Кочани (44г) и Кичево (70г). Од починатите пациенти, три лица се починати во домашни услови, а останатите 44 лица во болнички услови.
Направени се 2 865 тестови преку: ИЈЗ-558, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-11, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8 Септември-14, Институт за микробиологија – 70, МАНУ-108, Жан Митрев (Филип Втори)-141, Авицена-254, Биотек-236, Систина-181, лабораторија Лаор-209, Синлаб – 57, Ремедика-47, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 778.
Досега во земјата се направени вкупно 698 132 тестирања на Ковид-19.
Активни се 18 469 случаи, над 8 000 се во Скопје
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148 618, бројката на оздравени пациенти е 125 593, на починати е 4 556, а бројот на активни случаи изнесува 18 469.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 65 884, активни 8 209
- Куманово 8 184, активни 1 200
- Прилеп 7 981, активни 901
- Тетово 6 965, активни 651
- Битола 5 878, активни 1 225
- Велес 5 261, активни 667
- Гостивар 5 035, активни 462
- Кавадарци 5 035, активни 469
- Штип 4 788, активни 457
- Охрид 4 757, активни 890
- Струмица 3 837, активни 543
- Струга 2 887, активни 263
- Кочани 2 618, активни 290
- Кичево 2 377, активни 294
- Гевгелија 2 143, активни 324
- Неготино 2 122, активни 223
- Свети Николе 1 452, активни 153
- Крива Паланка 1 187, активни 87
- Ресен 1176, активни 206
- Радовиш 1051, активни 124
- Берово 979, активни 63
- Делчево 936, активни 102
- Дебар 918, активни 61
- Пробиштип 757, активни 39
- Виница 754, активни 111
- Валандово 642, активни 96
- Богданци 475, активни 72
- Крушево 461, активни 102
- Демир Капија 392, активни 31
- Демир Хисар 366, активни 58
- Кратово 354, активни 17
- Македонски Брод 351, активни 31
- Пехчево 256, активни 20
- Македонска Каменица 227, активни 14
- Дојран 132, активни 14