Наставниците без „зелен пасош“ или без негативен тест, исто така, нема да можат да одржуваат ниту онлајн настава и нема да примаат плата
Според медиумските извештаи, од 3 октомври, потврдите за имунизација ќе важат само шест месеци по примањето втора доза вакцина. Потоа, неопходно е да примат трета доза вакцина
Наставниците во Израел без сертификат за вакцинација, а кои исто така не сакаат да бидат тестирани за ковид-19, од 3 октомври нема да можат да работат, соопшти израелското Министерство за образование.
Наставниците без „зелен пасош“ или без негативен тест, исто така, нема да можат да одржуваат ниту онлајн настава и нема да примаат плата, потврди денеска портпаролката на Министерството за образование.
Таканаречениот „зелен пасош“ може да им се даде на лица кои биле вакцинирани или прележале ковид-19. Според медиумските извештаи, од 3 октомври, потврдите за имунизација ќе важат само шест месеци по примањето втора доза вакцина. Потоа, неопходно е да примат трета доза вакцина.
Министерството за здравство денеска потврди 5 921 нови случаи на инфекција. Досега, 60 проценти од 9,4 милиони луѓе во Израел се вакцинирани со две дози, а нешто помалку од 34 проценти ја примиле третата доза.
Експертите тврдат дека здравствениот систем е преоптоварен со невакцинирани пациенти.