Според информациите на ЦУК, активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново, каде што гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес, каде што со оган се зафатени борова шума и сува трева
Вчера на територијата на државата имало вкупно 27 пожари на отворен простор, а противпожарните екипи и понатаму се борат со три огнени стихии кои сè уште се активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) во утринскиот извештај.

Според информациите на ЦУК, активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново, каде што гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес, каде што со оган се зафатени борова шума и сува трева.
Од вкупниот број пожари кои вчера биле регистрирани на територијата на државата, изгаснати се 24.
Пожари, како информираат од ЦУК, имало во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани, Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар.
Според Центарот за управување со кризи, пожарите биле на локации со сува трева, ниска шума, стрништа и депонии.