Од Скопје авионот на „Кроација ерлајнс“ ќе лета секои среда и сабота, а од Сплит секои вторник и петок

Од 12 мај почнуваат сезонските летови од Скопје до Сплит и обратно, а ќе траат до средината на октомври. Авиопревозник ќе биде хрватската национална компанија „Кроација ерлајнс“
Како што беше најавено на презентацијата на новата сезонска авионска линија, „Кроација ерлајнс“ ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит. Полетувањето од Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе биде секои среда и сабота во 05:45 часот наутро, а пристигнувањето на аеродромот во Сплит во 07:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром до Меѓународниот аеродром „Скопје“, пак, ќе сообраќаат секој вторник во 22 часот, а во Скопје ќе пристигнуваат во 23:05 часот, како и секој петок со полетување во 21:35 часот, а пристигнување во 23 часот.
Летовите ќе бидат со авион „ербас 319“ и со капацитет од 144 седишта.
Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит, како што беше презентирано, може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб-страницата на „Кроација ерлајнс“ или преку мобилната апликација.