Воедно, не се исклучува ниту можноста истрагата да се прошири и на други лица во зависност од дополнителните анализи и докази кои ќе бидат прибавени
Основното јавно обвинителство Гостивар ќе бара притвор за тројцата осомничени – в.д директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“-Гостивар, Артана Асани, како раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Даути и техничкиот директор на јавното претпријатие „Комуналец“-Гостивар, Леон Мезини.

На денешниот брифинг во Гостивар, од Обвинителството рекоа оти тие се осомничени за тешки дела против животната средина и природата, предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење и оти казните за ова кривично дело се минимум четири години затвор.
Надлежен обвинител во истрагата е Хазби Исени од ОЈО Гостивар, а оттаму дополнително информираа дека не се отфрла можноста истрагата да се прошири и на други лица, во зависност од дополнителните анализи и докази кои ќе бидат прибавени.

Инаку, тројцата осомничени денеска беа изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.
