Обвинителството од Гевгелија достави до тамошниот Основен суд предлог за издавање казнен налог против две лица од Валандово за сторено кривично дело според прописите за време на пандемија предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик.
Во предлогот обвинителството бара лицата да се прогласат за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупна вредност од 123 000 денари (2 000 евра) за двете лица.
„Обвинетите на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Р Германија – земја со висок ризик на зараза на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата на РСМ за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот“,
се наведува во соопштението.
Во критичниот период од 14 до 17 март 2020 година тие контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово.
„Со овие дејствија обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар“,
се додава во соопштението.
*ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
Обвинение за струмичанки што ја прекршиле изолацијата по враќањето од Италија