Не ни успеа во изминатите недели да постигнеме консензус за преговарачката рамка која е предуслов за одржување меѓувладини конференции, со Албанија по исполнувањето на критериумите и со С Македонија, за која сакавме да меѓувладината конференција да се одрживо рамки на нашето претседателство, рече германскиот министер за Европа
Мораме да правиме јасна разлика меѓу билатералните конфликти, како, на пример, меѓу Северна Македонија и Бугарија, кои за жал постојат, и прашањата кои се од централно европско знаење. Заедно со Европската комисија јасно кажавме дека сакаме да бидеме од помош во изнаоѓање разумни решенија, изјави германскиот државен министер за Европа Михаел Рот, кој претседаваше со денешниот министерски совет на ЕУ, каде што, поради противењето на Бугарија, не помина преговарачката рамка за С Македонија.
Рот нагласи дека сега не е време билатерланите проблеми кои не можат да се решат во неколку денови или недели да се пренесуваат на европско ниво. Посочи дека треба да се отстранат сите пречки, затоа што Албанија и Македонија постигнаа многу во процесот на евроинтеграција.
„Би сакале да ги одстраниме сите камења од патот за да може во рамките на нашето претседателство да се одржат соодветните меѓувладини конференции. Важно е да се прати јасен сигнал на кредибилитет на ЕУ во правец на Западен Балкан. Албанија и Северна Македонија постигнаа многу за нивната аспирација да станат дел од европското семејство. Претстои долг пат, но мора да се почне со конкретни преговори“,
рече Рот.
Тој нагласи дека Советот веќе многу години интензивно се занимаваме со прашањето на проширувањето на ЕУ.
„ Оваа година работевме на почнување на преговорите со Албанија и со Северна Македонија. За тоа е потребно да е обезбедат одредени предуслови. За жал, не ни успеа во изминатите недели да постигнеме консензус за преговарачката рамка која претставува предуслов за одржување на меѓувладини конференции, со Албанија по исполнувањето на критериумите и со Северна Македонија, за која сакавме да се одржи меѓувладина конференција во рамките на нашето претседателство. Би сакал денес да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија, која јасно покажа дека стабилноста и демократијата се од централно стратешко значење за Западен Балкан“
Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, исто така потврди дека ЕУ не се откажува од решение до крајот на оваа година.
„Чувствуваме дека сме во последната линија за двете преговарачки рамки и ставање на процесите на цврста основа, Важно е да се удвојат напорите за решавање на споровите и да се најде договор за преговарачките рамки, сакаме одржување на првата меѓувладина конференција што е можно побрзо“,
рече Шефчович.
Во врска со Албанија, Рот истакна дека остануваат два клучни услови за усвојување на рамката со оваа земја, а тоа е изборниот законик и екипирање на Врховниот суд, чиј состав е преполовен по процесот на ветинг.