Споменикот на загинатите бугарски туристи кој вчера беше уништен од вандали, утринава е целосно обновен. Споменикот на брегот на Охридското езеро е паметник во чест на бугарските туристи кои животот го загубија во 2009 година кога потона бродот „Илинден“.
Во текот на вчерашниот ден беше уништен, а таквиот чин го осудија и манедонското Министерство за надворшени работи и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.
Градоначалникот денеска информираше дека по налог на Општина Охрид, службите на ЈП „Градски гробишта“ поставија нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“.

„Ова спомен обележје продолжува да биде симбол на сочувство и почитта за 15-темина бугарски туристи кои трагично загинаа во несреќата на бродот ‘Илинден’, на 5 септември 2009 година“,
напиша Георгиевски на Фесјбук.