Денеска времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи во интервал од два до седум степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од четири до девет степени.
Во Скопје синоптичарите прогнозираат слично време, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до четири, а максималната ќе достигне до шест степени Целзиусови.
Во петок и сабота, како што информираат од УХМР, ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела ќе има локални врнежи од дожд.