Од утре се очекува да настапи стабилизација на времето со пораст на дневните температури
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и постудено, а во источните делови на места ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец, на повеќе места со брзина и над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи во интервал од минус два до пет Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од три до 10 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно, со засилен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до два, а максималната ќе достигне до осум Целзиусови степени.
Од утре се очекува да настапи стабилизација на времето со пораст на дневните температури.