Полицијата го соопшти и идентитетот на напаѓачот. Станува збор за Ентони Двејн Мекреј (43). Утврдено е дека тој не бил поврзан со универзитетот
Вооружен маж отвори оган во понеделникот вечерта во кампусот на Државниот универзитет во Мичиген во Ист Лансинг. Притоа уби тројца и рани пет студенти. Полицијата соопшти дека петтемина повредени се во болница во критична состојба. Во масовното пукање животот го загубија Александрија Вернер, Брајан Фрејзер и Ариел Андерсон.
Полицијата го соопшти и идентитетот на напаѓачот. Станува збор за Ентони Двејн Мекреј (43). Утврдено е дека тој не бил поврзан со универзитетот. Сè уште не е познат мотивот за нападот. Мекреј почина во понеделникот вечерта од прострелна рана што си ја нанел самиот.
MSU shooter Anthony McRae had prior felony gun charge dropped https://t.co/gM7ifj51I9
— Go News Daily (@GoNewsDaily1) February 15, 2023
„Александрија Вернер беше љубезна, позитивна и сè што би сакале да биде вашата ќерка. Тешко е да се изгуби некој како неа. Ќе ни треба малку време да закрепнеме. Таа беше одличен студент и спортист, тренираше одбојка, кошарка и софтбол“,
изјавил за Си-eн-eн Били Шеленбаргер, семеен пријател и началник на јавните училишта Клосон кој ја познавал жртвата уште од градинка.

Фрејзер беше претседател на Бета огранокот на „Фи делта тета“ во Мичиген, се вели во соопштението од братството. Се додава дека имал квалитети на лидер и дека бил одличен пријател со сите во заедницата. Брајан Фрејзер бил студент на втора година. Матурирал во 2021 година.
„’Фи делта тета’ изразува најдлабоко сочувство до семејството Фрејзер, до Бета огранокот во Мичиген и до сите оние кои го сакаа Брајан“,
се вели во соопштението на братството.

Ариел Андерсон, како и Фрејзер, матурирала во 2021 година.
„Како можеше да се случи ова? Овој вид бесмислен чин на насилство нема место во нашето општество, а особено во училиште“,
рече Џон Дин, управник на училиштата во областа.

Доктор Дени Мартин од болницата „Спароу“ информира дека лекарите морале итно да ги оперираат четворица од петте ранети студенти.
Тој додал дека е рано да се даваат прогнози за нивното закрепнување.
„Некои се покритични од другите, но е мошне рано да се каже“,
додаде д-р Мартин.