Веднаш по завршувањето на прес-конференцијата, министерот Венко Филипче на социјалните мрежи го објави бесплатниот телефонски број за информации за коронавирусот: 0800 002 03
„Од денеска е во функција и call центарот – 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање на брисеви во поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, кадешто веќе е распределен стручен кадар“,
вели министерот Филипче.

Дополнително, од понеделник освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во call центарот пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари за да се закаже земање на материјал во еден од двата пункта. Матичните лекари ќе закажуваат земање брисеви ако се постави индикација кај пациентот за коронавирус според електронскиот алгоритам којшто лекарите ќе го добијат до понеделник.
Телефонските броеви кои од претходно функционираат во Центрите за јавни здравје, се следните:
