Од Министерството информираат дека според досегашните испитувања, остануваат да се отстранат уште 300 тона високо концентриран HCH отпад и 1 500 тона почва контаминирана со HCH изомери од кругот на фабриката
Владата на вчерашната седница наложила Министерството за животна средина и просторно планирање да префили средства во износ од 24 453 000 денари (околу 400 000 евра) на Мултипартнерскиот фонд за животна средина, кои ќе бидат намети за чистење на контаминираната локација околу фабриката ОХИС.

Со ова, посочуваат од ресорното министерство, се исполнуваат обврските за постепено обезбедување средства на годишно ниво за отстранување ка контаминираниот материјал од кругот на ОХИС.
„Мултипартнерскиот фонд за животна средина е фонд кој е формиран од страна на Владата на Република Северна Македонија со цел да се мобилизираат средства од повеќе извори за решавање на долгогодишниот проблем со историскиот отпад во кругот на ОХИС. За администрирање со средствата од овој фонд е задолжен УНОПС како имплементациона агенција која, исто така, има обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија и изнаоѓање решенија за големата депонија, што е наведено во договорот за формирање на фондот помеѓу Владата на РСМ и УНОПС“,
посочуваат од Министерството за животна средина.
Од Министерството информираат дека според досегашните испитувања, остануваат да се отстранат уште 300 тона високо концентриран HCH отпад и 1 500 тона почва контаминирана со HCH изомери.
„Досега се спроведени активности за чистење на малата депонија распределени на ЛОТ 1, ЛОТ 2, ЛОТ 3 и ЛОТ 4, согласно процедурите од јавна набавка објавена од страна на УНИДО и УНОПС. Досега се транспортирани и уништени 1 932 тони високо концентриран НСН отпад и 586 тони почва контаминирана со НСН. Собраниот високо концентриран НСН отпад е транспортиран и уништен во погоните на Треди во Франција, додека почвата контаминирана со НСН се транспортира во посторјката Индаваер во Германија“,
додаваат од Министерството.
