Превентивниот преглед на системот и на опремата на нуклеарната централа Кршко покажал дека земјотресот чиј епицентар беше во Загреб не предивзикал никакви оштетувања и таа продолжува да работи со полн капацитет, стои во известувањето објавено на нивната официјална веб страница.
Причина за проверката е фактот дека земјотресот се почуствувал и во Словенија, особено на подрачјето долж границата со Хрватска, а бил забележан и на мерните инструменти на нуклеарката, која се наоѓа во Словенија.
Од „Кршко“ укажуваат дека постојат точни протоколи за дејствување во случај на природни или други непогоди, па врз основа на нив, утрото, техничкиот тим на нуклеарката направил превентивен преглед на целиот систем и на сите негови компоненти.