Полициските служби во соработка со Управата за извршување на санкции извршија претреси во Казнено-поправниот дом Прилеп, со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор.
Во координираната акција кај затворениците се пронајдени и одземени ножеви, мобилни телефони и полначи за мобилен телефон, како и парични средства во износ поголем од законски дозволениот кои осудените лица можат да ги поседуваат. Одземените предмети и се предадени на затворска служба за натамошно постапување.
се нагласува во соопштението од МВР.
„Овие претреси се во насока на превенција и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, со цел пронаоѓање на предмети кои се забранети за поседување согласно Законот за извршување на санкциите или се предмет на кривично дело извршено од страна на осудени лица од установата, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка“,
Изминатите месеци се вршеа контроли во повеќе казнено поправни установи низ државата. Слична или полоша состојба беше констатирана при речиси сите досега направени претреси.
Акциите претставуваат обид на надлежните да ја вратат изгубената дисциплина во затворските установи кога станува збор за користење на нелегални предмети и супстанци.
По претресот во Идризово, беше разрешен директорот на најголемиот затвор во земјата, Реџеп Реџепи. Од Управата за извршување нагласуваат дека секаде ќе биде констатирана пропусти во работењето, одговорноста за состојбата во затворската установа ќе падне врз тамошното раководство.