Владата на Педро Санчез соопшти дека ќе ги продолжи разговорите веднаш штом ќе се формира нова влада во Каталонија
Левичарскиот поборник за независност на Каталонија, Пере Арагонес (38) денеска е избран за претседател на каталонската регионална Влада, при што вети дека дијалог за отцепување на автономната покраина од Шпанија.
„За“ Арагонес гласаа 74 од 135 пратеници.
Каталонска републиканска левица (ЕРЦ) на Арагонес во 2017 година учествуваше во организирањето референдум за независност, што беше забранет од шпанскиот Уставен суд. Обидот заврши со пресуди и затворски казни за организаторите.
ЕРЦ и десноцентристичката партија Заедно за Каталонија (ЈхЦат), која се залага за независност, дури на 19 мај успејаа да се договорат за коалициска влада. Изборите се одржаа на 14 февруари и ако до 26 мај не договореа влада ќе се организираа нови парламентарни избори.
Најголем предизвик за Арагонес ќе биде надминување на разликите помеѓу ЕРЦ и ЈхЦат за независноста на Каталонија. Двете партии сè уште немаат постигнато договор за следниот чекор кон посакуваната независност.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој е против независноста на Каталонија, минатата годи ги почна разговорите со каталонската Влада, чиј потпретседател беше Арагонес. ЕРЦ го поддржа социјалистот Санчез во шпанскиот парламент на почетокот на 2020 година, кога му беше доделен нов мандат.
Владата на Санчез соопшти дека ќе ги продолжи разговорите веднаш штом ќе се формира нова влада во Каталонија.
Иако разговорите се очекува да продолжат наскоро, позициите за референдумот и независноста остануваат целосно спротивставени.
На изборите во февруари, Социјалистичката партија на Санчез освои најмногу гласови во Каталонија, но недоволно за самостојно формирање влада. После тоа, трите партии за независност, со повеќе од половина од своите места во парламентот, одлучија заедно да формираат влада.
И Каталонците се поделени за независноста на автономната шпанска покраина.