„И во Извештајот на ЕК беше нотирано дека и тоа како ДКСК бележи проактивна улога во давањето насоки и политики за спречување на корупција. Повторно ќе кажам дека преку нашата борба, еве преку вас, медиумите, граѓаните ќе настојуваме да ја подигнеме свеста, не само кај Јавното обвинителство кое секако си има свои надлежности во своето работење, меѓутоа и во другите владини институции, што значи дека ќе се бориме заеднички сите во решавање на овој феномен, односно проблем“, вели Татјана Димитровска, новата претседателка на ДКСК
Новиот состав на ДКСК е составен од претседателката на Комисијата Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) и членовите: судијката во Основниот суд, Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК, Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет
За нас е од особено значење секоја иницијатива или секоја покрената постапка да заврши со правосилна судска одлука. Значајна алка во тој систем е Јавното обвинителство. Тоа значи дека ќе настојуваме да ја интензивираме таа соработка, сè со една заедничка цел – да ја спречиме корупцијата, изјави денеска новата претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР), која заедно со останатите членови на новиот состав на оваа Комисија даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Во изјава за медиумите, Димитровска рече дека таа и останатите членови на ДКСК ќе работат независно и објективно и нема да дозволат никаков притисок или влијанија.
„Во насоката на штитење на интегритетот и јакнење на доверба на народот, односно на државата, ќе истражуваме, ќе испитуваме и ќе даваме препораки и политики за спречувањето на корупцијата. Секако сами како институција не е доволно да се заштитиме од овој феномен корупција, којшто е генератор на многу проблеми во општеството. Како значајни чинители во оваа борба против корупција се секако и медиумите коишто имате обврска да обелоденувате, истражувате и секако, со вашата објективност и непристрасност ќе придонесете за обелоденување за многу сомнежи во корупција. Понатаму, многу значајна улога, можеби и најзначајна владините институции коишто со нивниот интегритет и ефикасност ќе придонесат кон спречување на борбата кон корупција, понатаму граѓаните. Особено значајно се и меѓународните институции коишто ќе овозможат размена на податоци, информации, коишто и тоа како се од големо значење за нас како ДКСК“,
рече Димитровска.
Новиот состав на ДКСК е составен од претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) и членовите: судијката во Основниот суд, Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК, Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

Димитровска нагласи дека ѝ претставува чест и задоволство да се работи во институција која во минатото докажала дека е поставена на високи професионални стандарди.
„Се надеваме дека со нашиот личен и професионален капацитет којшто го поседуваме ќе придонесеме за зголемување на интегритетот на државата“,
рече Димитровска.
Сепак, таа не сакаше да даде коментар на тоа дека претходниот состав често истакнувал оти има проблеми со институциите кои треба да ја продолжат нивната работа и рече дека прво треба да ја воочат состојбата каква е и да видат со кои предизвици ќе се соочуваат.
На новинарско прашање дали имаат некоја идеја или план како да ја зголемат имплементацијата на препораките, Димитровска рече дека преку нивната борба, преку медиумите и граѓаните ќе настојуваат да ја подигнат свеста во сите владини институции за решавање на овој проблем.
„И во Извештајот на ЕК беше нотирано дека и тоа како ДКСК бележи проактивна улога во давањето на насоки и политики за спречување на корупција. Повторно ќе кажам дека преку нашата борба, еве, преку вас, медиумите, граѓаните ќе настојуваме да ја подигнеме свеста не само кај Јавното обвинителство кое секако си има свои надлежности во своето работење, меѓутоа и во другите владини институции, што значи дека ќе се бориме заеднички сите во решавање на овој феномен, односно проблем“,
рече новата претседателка на ДКСК.
Мотив да се пријави за член на ДКСК, според Димитровска, било тоа дека може да се оди чекор нагоре во борбата против корупција, која во моментов е најсериозен проблем во едно општество.
„Мојата мотивација, како што ја наведов и во самото интервју кога го спроведувавме, беше лично професионално и од свој личен мотив имајќи го во предвид моето долгогодишно работно искуство како државен ревизор, коешто искуство и тоа како е признато и од многу меѓународни фактори. Ми беше мотив дека може да се оди чекор нагоре во борба против корупција, којашто е во моментов најсериозен проблем на едно општество“,
рече таа.
Во врска со прашањето дали смета дека треба да се донесе некое дополнително законско решение за да може да има поголеми ингеренции ДКСК, Димитровска одговори дека уште не е момент да говори на тоа прашање и потенцира дека Комисијата ќе ја разгледа целокупната законска регулатива и доколку сметаат дека постојат недоречености или слабости во неа, ќе преземаат мерки за нивно надминување.