По електронска пошта до МОН, до рокот (20 јануари) стигнале 30-ина предлози за нацрт-концепцијата, а имало и дополнителни
В петок напладне, во собраниската Комисија за образование, наука и спорт, е закажана јавната расправа за нацрт-концепцијата за основно образование.
Целта е да се сублимираат сите ставови, да се изнесат забелешките и сугестиите кои стигнале до МОН за да се утврди што е конструктивно и прифатливо и да се унапреди концепцијата.
„На дебатата ќе се искажат можеби спротивставени ставови и ќе излеземе во јавност што конечно е прифатливо, што не е од забелешките, и мислам дека заеднички ќе донесеме став по ова прашање. Понатаму веќе влегуваме во фаза на усвојување и подготовка на наставните програми коишто се најзначајни, затоа што концепцијата е само прв чекор“,
изјави денеска министерката за образование Мила Царовска, која ја најави расправата.
По електронска пошта до МОН, до рокот (20 јануари) стигнале 30-ина предлози за нацрт-концепцијата, а имало и дополнителни и сите ќе се разгледуваат, прифаќаат, сѐ додека трае дебатата со сите засегнати страни во овој процес.