Ова, како што се наведува, ќе влијае на оние што имаат позитивен тест, како и на оние што се враќаат од патување од земји што се означени како високоризични
Германските здравствени власти денеска одлучија дека, почнувајќи од 1 ноември, невакцинираните нема да добијат надомест за плата, доколку мерките за коронавирус ги принудат на карантин, јави Дојче веле.
Ова, како што се наведува, ќе влијае на оние што имаат позитивен тест на коронавирус и оние што се враќаат од патување од земји што се означени како високоризични за ковид-19, меѓу кои и Обединетото Кралство, Турција и делови од Франција.
Критичарите велат дека таквите правила ќе бидат еквивалентни на задолжителна вакцинација против ковид-19, бидејќи многу работници не можат да си дозволат да останат дома без плата.