Охридската полиција поднесе кривични пријави против три лица и една фирма од Охрид поради организирање на забави во Градиште каде не се почитуваа мерките за спречување на ширењето на ковид-19.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.И.(33), Г.Ј.(34), С.Ј.(34), сите од Скопје и против фирма од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 02.08.2020 пријавените организирале музички настан во Градиште и на плажата, без почитување на мерките за спречување и ширење на заразна болест Ковид-19 и протоколите за отварање и работа со кафетерии, односно пријавените не постапиле според владините уредби“,
се вели во соопштението на МВР.
И претходнот месец, од Пазарниот инспекторат во Охрид изјавија дека се поднесени две кривични пријави по членот 206 од Кривичниот Законик за забавите во Градиште.
Журките на охридските плажи предизвикаа лавина од реакции и критики во јавноста, откако беа објавени и снимки на социјалните мрежи.
Центарот за јавно здравје во Охрид алармираше дека дури една третина од новите случаи на ковид-19 во првите недели од септември биле последица од забави и масовни собири на кои не се почитувале мерките за заштита.