Вкупно 75 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, а направени биле 830 тестови. Оздравени се 136 пациенти, а починати се петмина. Како што информира Министерството за здравство, новите регистрирани случаи по градови се од: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1.
Институтот за јавно здравје денеска регистрираше 136 оздравени пациенти од: Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-1.
Од починатите лица еден пациент е од Скопје (52г.), два пациенти од Куманово (55 и 82г.), еден од Гостивар (62г.) и еден од Охрид (64г.) Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11 202, бројката на оздравени пациенти е 7108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 589. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4946, активни 1342
• Куманово 1094, активни 255
• Дебар 206, активни 117
• Штип 876, активни 434
• Прилеп 333, активни 51
• Тетово 1064, активни 222
• Струга 458, активни 176
• Велес 225, активни 21
• Битола 143, активни 63
• Охрид 275, активни 68
• Кавадарци 81, активни 61
• Гостивар 495, активни 287
• Гевгелија 23, активни 12 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 38, активни 22
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 8
• Кочани 106, активни 24
• Пробиштип 57, активни 22
• Демир Хисар 34, активни 27
• Македонски Брод 37, активни 31
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 6, активни 0
• Виница 23, активни 19
• Делчево 5, активни 4 (4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 7
• Свети Николе 228, активни 142
• Кичево 177, активни 109
• Ресен 146, активни 26
• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)