Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1 059 пациенти
Вкупно во државата има 1 762 пациенти кои се на болничко лекување од ковид.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники биле примени 31 лице.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 14 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника, во Козле биле примени 4, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 71 оздравен пациент.
Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 141, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид-19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 пациенти.
Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1 059 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Врз основа на извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 149 пациенти, во Штип 97, на инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 99, во Куманово 111 пациенти, во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 124, во ковид-центарот во Гостивар 44, а во Струга 25.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 104 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 31, Кавадарци 61, а во Гевгелија 27 лица.