Бројката на новозаболени во последниве 24 часа е највисока во последните два месеца
Во последните 24 часа на територијата на земјава се регистрирани нови 47 случаи на ковид-19. Пациентите се откриени по 3 593 тестирања. Ако се погледне наназад, бројката од 47 новозаболени во едно деноноќие е највисока во последниве два месеца.
И денеска најголем дел од болните се од Скопје (19), но и понатаму има релативно висок број на заболени со оглед на населението во Тетово (11). Потоа, следуваат Куманово (6), Битола (3), Прилеп (2), Струмица (2), Валандово (2), Велес (1) и Гостивар (1). Регистрирани се и 14 оздравени пациенти во Скопје (7), Тетово (5), Куманово (1) и Струмица (1). Нема починати.
Вкупно со ковид-19 се дијагностицирани 156 171 лице во земјава. Од нив, 150 321 оздравеле, 5 491 починале, а активни се 359 случаи. Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје (130), но близу е Тетово (100).
Дистрибуција по градови:
(вкупно случаи, активни случаи)
- Скопје 68842, Активни 130
- Куманово 8923, Активни 41
- Прилеп 8337, Активни 9
- Тетово 7402, Активни 100
- Битола 6315, Активни 5
- Велес 5479, Активни 5
- Гостивар 5210, Активни 22
- Кавадарци 5156, Активни 1
- Охрид 5025, Активни 6
- Штип 4964, Активни 3
- Струмица 4132, Активни 6
- Струга 2986, Активни 5
- Кочани 2796, Активни 4
- Кичево 2609, Активни 10
- Гевгелија 2196, Активни 1
- Неготино 2184, Активни 0
- Свети Николе 1526, Активни 1
- Ресен 1234, Активни 0
- Крива Паланка 1227, Активни 0
- Радовиш 1162, Активни 1
- Берово 1032, Активни 0
- Делчево 974, Активни 1
- Дебар 949, Активни 5
- Виница 886, Активни 0
- Пробиштип 789, Активни 0
- Валандово 670, Активни 3
- Богданци 494, Активни 0
- Крушево 490, Активни 0
- Демир Хисар 400, Активни 0
- Демир Капија 396, Активни 0
- Кратово 377, Активни 0
- Македонски Брод 359, Активни 0
- Пехчево 269, Активни 0
- Македонска Каменица 249, Активни 0
- Дојран 132, Активни 0