Според последните статистики на Министерството за здравство за состојбата со ковид-19 во земјава, регистрирани се 163 нови случаи, 132 оздравени и седум починати лица.
Во изминатите 24 часа се направени 1 721 тестирања.
Потврдените случаи по градови се од: Скопје-33, Куманово-17, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-13, Струга-3, Велес-6, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-5, Гостивар-8, Гевгелија-3, Струмица-18, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Свети Николе-1, Кичево-3, Ресен-2.
Оздравените пациенти се од: Скопје-46, Куманово-13, Штип-7, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Битола-3, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-12, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-4, Кратово-1, Кичево-3, Неготино-2.
Починатите се на возраст од 44 до 80 години
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16 088, бројката на оздравени пациенти е 13 550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1 870. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6 406, активни 526
• Куманово 1 628, активни 200
• Дебар 271, активни 38
• Штип 1 214, активни 68
• Прилеп 574, активни 125
• Тетово 1 325, активни 126
• Струга 633, активни 65
• Велес 295, активни 22
• Битола 253, активни 51
• Охрид 398, активни 54
• Кавадарци 207, активни 31
• Гостивар 865, активни 87
• Гевгелија 92, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 130, активни 66
• Крива Паланка 86, активни 36
• Радовиш 54, активни 11
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 202, активни 60
• Пробиштип 98, активни 19
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 86, активни 11
• Пехчево 42, активни 21
• Берово 74, активни 24
• Валандово 13, активни 4
• Виница 96, активни 28
• Делчево 135, активни 76 (28 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 4
• Свети Николе 310, активни 19
• Кичево 294, активни 28
• Ресен 155, активни 8
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Вкупно 338 пациенти се лекуваат во болнички услови, тројца се на респиратор
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти, а вкупно се хоспитализирани 74. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се три деца и три мајки позитивни на ковид-19, додека пак уште три деца и три мајки се водат како суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири лица, а вкупно хоспитализирани се 34 пациент. На респираторна машина се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 161, позитивни и сомнителни на ковид-19.