Во Македонија има 20 571 активни случаи на ковид-19
Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие регистрирани се нови 1 424 случаи на ковид-19, од вкупно направени 5 604 тестови.
Најмногу новозаразени има во Скопје – 790, потоа Битола – 92, во Куманово – 57, Струмица – 48, Кавадарци – 45, Штип – 43, Прилеп – 37, Охрид – 36, Тетово – 35, Гевгелија – 33, Гостивар – 31, Кичево – 27, Велес – 24, Ресен – 20, Неготино – 18, Кочани и Свети Николе – по 13, Крива Паланка – 10, Струга – 8, Виница – 7, Радовиш, Пробиштип, Богданци и Македонски Брод – по 5, Делчево, Берово и Демир Хисар – по 3, Кратово и Демир Капија – по 2, Дебар, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 214 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (69г, 72г, 77г, 82г, 89г и 90г), по 2 починати од Велес (43г и 69г), Струмица (65г и 66г) и Прилеп (58г и 80г) и по едно починато лице од Струга (89г), Крива Паланка (81г) и Богданци (75г).
Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се пет починати лица (по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп и Тетово на возраст од 63г до 80г). Пријавените се починати во период од 4.01.2022 до 20.01.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=20), три лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe и 1 083 оздравени пациенти.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 20 571.