Според досегашните податоци, земјотресот е најсилно почувствуван во градот Битола и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала
Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,5 степени регистрираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје попладнево во 16.14 часот во Грција.
Епицентарот на земјотресот е во пограничното подрачје Битола – Лерин, на 120 километри јужно од Скопје.
Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија, според досегашните податоци, земјотресот е најсилно почувствуван во градот Битола и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Изминативе два дена битолскиот регион беше погоден со неколку земјотреси регистрирани во Грција. Најсилниот беше во неделата вечерта во 22:43 часот со јачина од 5,5 степени по Рихтер со епицентар на четири километри од Лерин. Земјотресот предизвика и штети односно имаше распукани внатрешни и надворешни ѕидови на објекти.
Вчера попладне, пак, имаше уште еден земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер, а со епицентар 18 километри од Битола.
*Поврзани вести:
Земјотресот што беше почувствуван вечерва кај нас е со епицентар во Грција
Распукани ѕидови во објекти во Битола како последица на земјотресот кај Лерин
(ВИДЕО) Битолчани во грч по силниот земјотрес, атмосфера налик на потресот во 1994 година
Општина Битола ќе бара помош од Владата за санирање на штетите од земјотресот
Попладнево нов земјотрес со епицентар на 18 километри од Битола