Како резултат на земјотресите што ја погодуваат соседна Грција, во изминативе неколку дена тие се почувствувани и кај нас, посебно во Битола, каде што и е предизвикана материјална штета

Рано утрово, поточно во 3:40 часот, почувствуван е нов земјотрес во Битола, покажуваат информациите на Европско Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Станува збор за земјотрес со јачина од 2,8 степени по Рихтеровата скала, а чиј епицентар бил во соседна Грција, поточно во Лерин.
Покрај овој земјотрес, синоќа биле почувствувани и три слаби земјотреси на 18 километри од Битола, со јачина од 2,5 до 2,7 степени.
Како резултат на земјотресите што ја погодуваат соседна Грција, во изминативе неколку дена тие се почувствувани и кај нас, посебно во Битола, каде што и е предизвикана материјална штета, поради што Општината побара и Владата да преземе мерки.