Петте милиони жители на Нов Зеланд беа во еден од најстрогите карантини, а досега се регистрирани само 1 472 заболени лица од ковид-18, од кои 19 почина, што е најмал број на смртни случаи во светот
Околу 400 000 жители на Нов Зеланд денеска се вратија на работа откако премиерката Џасинда Ардерн го намали степенот на опасност од новиот коронавирус во земјата.
Таа објави дека строгите мерки дале резултат и оти преминуваат на трето ниво на карантин кое и натаму го вклучува физичкото дистанцирање и избегнување на патувањата кои не се неопходни.
Нивото три значи отворање на училиштата, граѓаните ќе можат да купат храна за носење, а достапни им се и разни рекреативни активности, како и венчавки и погреби, но не собирање на повеќе од 10 луѓе.
Мерката е донесена откако Ардерн вчера изјави дека успешно е запрено ширењето на ковид-19 во земјата односно дека привремено е елиминиран новиот коронавирус.
Петте милиони жители на Нов Зеланд беа во еден од најстрогите карантини, а досега се регистрирани само 1 472 заболени лица од ковид-18, од кои 19 почина, што е најмал број на смртни случаи во светот.