Не е познат мотивот за нападот, кој се случил вчера, неколку часа откако американскиот претседател Џозеф Бајден објави нови мерки за спречување на вооруженото насилство во САД кое го нарече меѓународен срам за земјата
Едно лице е убиено, а пет се повредени во вооружен напад во продавница за мебел во американската држава Тексас, соопшти локалната полиција.
Осомничениот напаѓач е уапсен. Станува збор за еден од вработените во продавницата, објави полицијата во градот Брајан, на Твитер.
Двајца од ранетите се хоспитализирани и се во критична состојба, додека состојбата на уште тројца повредени е сериозна, но стабилна, се вели во соопштението од болницата.
Не е познат мотивот за нападот, кој се случил вчера околу 14:30 часот по локално време, неколку часа откако американскиот претседател Џозеф Бајден објави нови мерки за спречување на вооруженото насилство во САД кое го нарече меѓународен срам за земјата.