Најмалку 8 лица загинаа во пукотница што се случила на железничката страница во Сан Хозе, Калифорнија, во утринските часови по локално време. Како што соопштија калифорниските власти, има и ранети.
Објектот во кој се случило пукањето е центар за контрола на транзитот, во кој се чуваат возови, а има и двор за одржување.
Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач, кој е мртов, бил вработен во компанијата која обезбедува автобуси, железници и дава други транзитни услуги низ округот Санта Клара, што е најголемиот округ во заливот.
Исто така, полицијата добила информации и за поставени експлозиви во објектот и екипи за деактивирање на бомби се на терен. Засега не се познати мотивите за нападот.
На местото на нападот излегле голем број полицајци, екипи на брзата помош, агенти од Канцеларијата за алкохол, дрога и оружје и од ФБИ.
Вчера исто така имаше вооружен напад во САД. Загинаа најмалку пет лица во пукање во Вест Џеферсон, предградие на Колумбос, Охајо.