Британската Агенција за поморски трговски операции известува дека бродот, кој се уште не е идентификуван, бил погоден од беспилотно летало

Товарен брод бил нападнат во Аденскиот Залив, информира Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО).
Според објавата на агенцијата на социјалната мрежа Икс, инцидентот се случил на околу 60 наутички милји југоисточно од Аден, Јемен.
UKMTO WARNING 013/JAN/2024
— United Kingdom Maritime Trade Operations (UKMTO) (@UK_MTO) January 17, 2024
INCIDENT 015 – ATTACK UPDATE 001https://t.co/qlApy9q9pq#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/Y6gmSXnMAt
УКМТО известува дека бродот, кој се уште не е идентификуван, бил погоден од беспилотно летало. На нападнатиот брод избувнал пожар кој брзо бил изгаснат.
„Бродот беше погоден од беспилотен воздушен систем од левата страна. Бродот и екипажот се безбедни и продолжуваат кон следното пристаниште“,
соопшти УКМТО.
Сè уште никој не ја презел одговорноста за овој напад. За претходните напади одговорноста ја презеде јеменската бунтовничка група Хути.