Набрзо по неговата изјава, Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) издаде предупредување за напад во близина на брегот на Јемен
Ставот на јеменската бунтовничка група за војната во Газа не е променет по американско-британските напади врз Јемен, изјави портпаролот на хутите, Мухамед Абдулсалам.
„Нападите врз израелските бродови и бродовите кои одат кон пристаништата на окупирана Палестина ќе продолжат“,
изјави Абдулсалам за британски медиуми.
Набрзо по неговата изјава, Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) издаде предупредување за напад во близина на брегот на Јемен.
Пентагон подоцна потврди дека станува збор за товарен брод, во сопственост на САД.
„Противбродска балистичка ракета истрелана од јеменските проирански хути милитанти погоди транспортен брод во американска сопственост што пловел под знамето на Маршалските Острови“,
објави Пентагон на социјалната мрежа Икс.
Во соопштението се наведува дека при нападот од бродот не се пријавени повредени или значителна штета и бродот го продолжил патувањето.