47-годишниот Лафчиски досега беше командант на Првата пешадиска бригада, а голем дел од кариерата помина во специјалните единици на Армијата
Претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова го унапреди бригадниот генерал Сашко Лафчиски во генерал-мајор и го постави за началник на Генералштабот на Армијата, соопштија од претседателскиот кабинет.
Оттаму информираат дека поради истек на мандатот е разрешен досегашниот началник, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Тој е поставен за советник на новиот началник.
„Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат е разрешен досегашниот началник на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции“,
стои во соопштението.
Свеченото примопредавање на должноста началник на Генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август, во недела.
47-годишниот Лафчиски беше командант на Првата пешадиска бригада, а голем дел од кариерата помина во специјалните единици на Армијата.