Тој претходно беше директор на ЈП „Комунална хигиена“, но беше разрешен од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Арсовска одлуката за разрешување ја донесе откако беше потврдено дека брат му на Енузи Кока, Цуфи Кока, пукаше со пиштол на плоштадот „Скендербег“ за време на протестите
Зуди Енузи Кока е назначен од Надзорниот одбор за нов директор на АД МЕПСО, потврдиле за МИА од компанијата. Неговото назначување ќе се официјализира по запишувањето во Централниот регистар.
Енузи Кока досега беше шеф на кабинетот на разрешениот директор на АД МЕПСО, Сурија Рашиди.
Тој претходно беше директор на ЈП „Комунална хигиена“, но беше разрешен од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Арсовска одлуката за разрешување ја донесе откако беше потврдено дека брат му на Енузи Кока, Цуфи Кока, пукаше со пиштол на плоштадот „Скендербег“ за време на протестите.
Обвинителството го гонеше Кока бидејќи на 6 јули на платото пред плоштадот „Скендербег“, со пиштол марка „валтер Р 99“ со калибар 9×19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на група граѓани кои учествувале на протестот, тој забележал како дел од граѓаните фрлаат камења, по што се упатил кон нив и во два наврата испукал по два куршума во воздух.
Негова фотографија потоа објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и тврдеше дека тоа лице требало да го убие него.
Цуфи Кока доби казна од четири месеци затвор.
Зуди Енузи Кока е член на Алијанса за Албанците, партија која е коалициски партнер во Владата.