Трите држави, како што соопштија нивните премиери во денешните обраќања, официјално ќе признаат независна палестинска држава на 28 мај
Инаку, уште пред Норвешка и двете земји членки на Европската Унија официјално да ги соопштат одлуките, во објава на социјалната платформа Икс реагираше израелското Министерство за надворешни работи, од каде што велат дека признавањето на палестинската држава ќе доведе до поголем тероризам, нестабилност во регионот и ќе ја загрози секоја перспектива за мир
Властите на Норвешка, Ирска и Шпанија денеска и официјално соопштија ќе признаат независна палестинска држава, како решение за конфликтот на Блискиот Исток преку постоење на две држави – Палестина и Израел пренесуваат светските медиумите.

Одлуката прв ја соопшти премиерот на Норвешка, Јонас Гар Сторе, кој, како што пренесе Би-би-си, на прес-конференција утрово кажа дека тековната војна во Газа ставила јасно до знаење дека постигнувањето мир и стабилност мора да се заснова на решавање на палестинското прашање.
Целта, наведе тој, е да се постигне државна која ќе биде политички кохезивна и која ќе произлегува од палестинската управа.
Сторе рече дека Норвешка верува дека решението за две држави е во „најдобар интерес“ на Израел додавајќи дека признавањето на палестинската државност ќе ја одржи жива единствената алтернатива на конфликтот: „Две држави, кои живеат една до друга, во мир и безбедност“.
„Терор е извршен од Хамас и милитантни групи кои не се поддржувачи на решение за две држави и државата Израел. Палестина има фундаментално право на независна држава. Затоа Норвешка ќе ја смета Палестина како независна држава со сите права и обврски што тоа ги носи“,
рече норвешкиот премиер на прес-конференцијата, пренесува Асошиејтед прес.
По неговата прес-конференција, норвешката влада објави и писмена изјава во која се вели дека трајно решение се постигнува само преку решение на две држави.
„Палестинскиот народ има фундаментално, независно право на самоопределување, а Израелците и Палестинците имаат право да живеат во мир во нивните држави“,
се вели во соопштението, пренесува Би-би-си.

Ирскиот премиер Сајмон Харис изјави дека очекува другите земји да им се придружат на Ирска, Шпанија и Норвешка во признавањето на палестинската држава во наредните недели.
„Денес Ирска, Норвешка и Шпанија објавуваат дека ја признаваме државата Палестина. Секој од нас сега ќе ги преземе сите национални чекори што се неопходни за да се ефектуира таа одлука. Уверен сум дека и други земји ќе ни се придружат во преземањето на овој важен чекор во следните недели“,
рече Харис на прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Шпанскиот премиер Педро Санчез веќе има обраќање пред парламентот, во кое исто така ја соопшти одлуката за признавање на палестинската државата и решението за две држави.
Трите држави, како што соопштија нивните премиери во денешните обраќања, официјално ќе ја признаат независната палестинска држава на 28 мај.
Инаку, уште пред Норвешка и двете земји членки на Европската Унија официјално да ги соопштат одлуките, во објава на социјалната платформа „Икс“ реагираше израелското Министерство за надворешни работи.
Оттаму велат дека признавањето на палестинската држава ќе доведе до поголем тероризам, нестабилност во регионот и ќе ја загрози секоја перспектива за мир.
„Напредокот може да се постигне само преку директни преговори во поширок регионален контекст“,
се вели во реакцијата.
Recognizing a Palestinian state will lead to more terrorism, instability in the region and jeopardize any prospects for peace.
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) May 21, 2024
Don’t be a pawn in the hands of Hamas. pic.twitter.com/81f7Gxweol
Во меѓувреме Израел соопшти дека ги отповикува своите амбасадори во Ирска и Норвешка на итни консултации, пренесе Би-би-си.
„Им испраќам јасна порака на Ирска и Норвешка: ‘Израел нема да отстапи против оние кои го поткопуваат нејзиниот суверенитет и ја загрозуваат нејзината безбедност. Израел нема да го надмине ова во молк – ќе има други сериозни последици. Доколку Шпанија ја реализира својата намера да признае палестинска држава, сличен чекор ќе биде преземен и против неа“,
изјави министерот за надворешни работи Израел, Израел Кац.