Изминатиов период сведоци сме на корупција, негативна селекција и непотизам. Од ветениот ‘ќе живот’ реализираа едвај 20 проценти. Зад себе по седум години оставија само деградација на здравствениот систем, кадар кој е демотивиран од непотистичките и исполитизирани вработувања, изјави Николов
Здравството во последните седум години е во полукоматозна состојба, на апарати. Власта на СДС и ДУИ со лошо менаџирање го уназади здравствениот систем, особено јавното здравство. Не само што нема прогрес во ресорот што живот значи туку имавме и враќање наназад за неколку децении, изјави на денешната прес-конференција Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ
„Изминатиов период сведоци сме на корупција, негативна селекција и непотизам. Од ветениот ‘ќе живот’ реализираа едвај 20 проценти. Зад себе по седум години оставија само деградација на здравствениот систем, кадар кој е демотивиран од непотистичките и исполитизирани вработувања. Сведоци сме и на разрешувања и кадровски решенија без никакви критериуми односно чисто партиско влијание кое се определува врз основа на рок на некакви сертификати. ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има план преку платформата за здравствениот систем да го ресетира здравството преку подобрување на три клучни сегменти, а тоа се ефикасност, ефективност и економичност“,
изјави Николов.
Според него, приоритет на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“ ќе биде зајакнување на здравството во регионите, односно завршување на Клиничката болница во Штип, која, како што посочи, треба да прерасне во универзитетска клиничка болница и столб на здравството во источна Македонија.
„Приоритет ќе ни биде укинување на дуализмот со врзани потписи и спојување на клиниките во еден клинички центар. Приоритет ќе ни биде модерен клинички центар и подобрување на функционалноста на здравствените институции. Приоритет ќе биде зајакнување на примарното и секундарното здравство. Ќе ги вратиме едукацијата и обуките во странство, како главен столб на кадровската политика. Овие едукации и обуки беа укинати последните 7 години. Веднаш ќе иницираме законски измени со цел да се вработува најдобриот медицински кадар, во рамки на национална стратегија за здравство. Ќе ги вработуваме и најдобрите студенти и талентирани ученици од медицинските факултети и медицинските училишта. Ќе ги зајакнеме ресурсите на итната медицинска помош и ќе го зголемиме бројот на пунктови на итна медицинска помош“,
соопшти Николов.