Случајот со неговиот син, Барлет Џафери, го обелодени ДКСК која објави дека тој се здобил со право да полага правосуден испит во 2015 година, иако сè уште не бил дипломиран
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека никогаш не вршел притисоци за членови на неговото семејството одговарајќи на новинарско прашање дали влијаел на одлуката за предвременото полагање правосуден испит за неговиот син.
„Никогаш, никаде и никому не сум вршел притисок што се однесува по однос и на мој статус и по однос на членови на семејство“,
изјави денеска Џафери.
Случајот со неговиот син, Барлет Џафери, го обелодени Државната изборна комисија за спречување корупција (ДКСК) која објави дека тој се здобил со право да полага правосуден испит во 2015 година, иако сè уште не бил дипломиран, а се со дел да може да конкурира и да се запише на Академијата за судии и јавни обвинители. По откривањето на овој случај, потоа се воспостави дека предвременото полагање правосуден испит било масовна појава во тоа време, а од ДКСК најавија дека ќе ги проверуваат документите на сите кандидати на Академијата од нејзиното формирање до денес.