„Ги повикувам сите политички партии да се вклучат во креирање на концепцијата и наставните програми, зашто тие секако ќе бидат модернизирани. Сакале тие да се вклучат или не, подобро образование во Македонија ќе има, зашто нашите деца го заслужуваат тоа. Јавната расправа за концепцијата продолжува“, кажа министерката за образование
Се работи за нацрт-верзија, ставена на електронска јавна расправа. Добивме забелешки, сите ги внесуваме. Првично од тоа што е побарано, гледаме дека ако ги исполниме сите барања, децата ќе имаат предмети за да останат на училиште од 10 до 11 часа. Ова денеска го изјави министерката за образование Весна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање дали ги разгледуваат предлозите за новата концепција за реформи во гимназиското образование.
„Ги повикувам сите што сакаат да се вклучат во креирање на нова концепција. Никаде не брзаме. Имаме една година за да ја донесеме концепцијата. Ги повикувам сите политички партии да се вклучат во креирање на концепцијата и наставните програми, зашто тие секако ќе бидат модернизирани. Сакале тие да се вклучат или не, подобро образование во Македонија ќе има, зашто нашите деца го заслужуваат тоа. Јавната расправа за концепцијата продолжува“,
рече тој.
Посочи дека како МОН ќе разговара и ќе ги посети сите оние што дале предлог или имаат барање за новата концепција, но додаде дека сега ништо не е дефинитивно одлучено околу неа.
„Постојано повторувам дека ова е нацрт-верзија, но веројатно подучени од претходните власти, каде со декрети се носеа одлуки, луѓето се веројатно исплашени. Но, затоа тие сега не се повеќе на власт. Сега има нова влада која сака во дијалог и транспарентно да го сработи тоа што треба да се сработи“,
кажа Јаневска.
Според неа, ова Министерство има премногу обврски и запоставени нешта кои треба да се затворат.
„Ние и понатаму ќе дискутираме за концепцијата и конечно ќе ја донесеме. Подобро образование во оваа земја мора да има, без оглед кој ќе се вклучи и нема да се вклучи“,
рече министерката.
Предложената концепција за реформи во гимназиското образование предизвика многубројни реакции од стручната фела, а особено од Филозофскиот факултет, имајќи предвид дека со реформите се предвидува бришење на логиката и етиката од корпусот предмети во средното гимназиско образование, додека предметот филозофијата од задолжителен се предлага да биде само изборен.
Критики за новата концепција за средно образование пред камерата на „360 степени“ ги дадоа и професорите од Катедрата по филозофија при Филозофскиот факултет, а некои од забелешките се директно упатени кон министерката Весна Јаневска.