Невработеноста во Шпанија во првиот квартал од 2020 (јануари-март) се зголемила за 13,8 проценти во споредба со претходниот квартал (октомври-декември 2019), објави шпанскиот Национален институт за статистика.
Со зголемувањето, сега вкупниот процент на невработеност изнесува 14,4.
Скокот на бројот на невработени се должи карантинот кој се воведе поради светската пандемија од ковид-19. Шпанија е една од најпогодените земји. Според „Воролдометерс“, таа има најголем број заразени во Европа – 229 422, додека по бројот на мртви е втора на европскиот континент – 23 521. Пред неа е Италија со 26 977 смртни случаи.