Израелската армија се уште не го коментираше денешниот напад во Либан, во кој е убиен висок комантат на Хезболах. Се вели дека воените авиони ја гаѓале инфраструктурата на Хезболах во јужен Либан, пренесува Асошиејтед прес
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе стори се што е потребно за да ја врати безбедноста на северот од Израел по неодамнешната размена на оган со Хезболах на границата со Либан, пренесува Би-би-си.
Зборувајќи со војниците стационирани на северната граница на Израел, Нетанјаху рече дека неговата влада ќе направи се за да им дозволи на семејствата безбедно да се вратат дома и да знаат дека Израел не може потфрли.
„Ќе направиме се што е потребно. Се разбира, претпочитаме тоа да се направи без широка кампања“,
додава тој.
Според него, израеските одбранбени сили нема да војуваат со либанскиот екстремистички Хезболах, но во случај тоа да е потребно, додаде дека неговата земја е подготвена да го стори тоа.
„Хезболах многу погрешно не разбра во 2006 година, па дури и сега многу погрешно не разбираат“,
рече Нетанјаху.
По должината на либанско-израелската граница изминатиот период се интензивираа судирите меѓу екстремистите на Хезболах поддржани од Иран и израелската армија.
Во израелски напад врз јужен Либан денеска убиен е висок командант од елитната единица на Хезболах, пренесува Ројтерс.
Според безбедносните извори, убиениот командат е идентификуван како Висам ал Тавил, заменик-шеф на единицата во силите Радван.
Израелската армија се уште не го коментираше денешниот напад во Либан, во кој е убиен висок комантат на Хезболах. Се вели дека воените авиони ја гаѓале инфраструктурата на Хезболах во јужен Либан, пренесува Асошиејтед прес.