Според либанската државна медиумска агенција, имало повредени во нападот на израелско беспилотно летало врз автомобил „Шкода Рапид“
Во израелски напад врз јужен Либан убиен е висок командант од елитната единица на Хезболах, пренесува Ројтерс.
Според безбедносните извори, убиениот командат е идентификуван како Висам ал Тавил, заменик-шеф на единицата во силите Радван.

Оттаму посочиле и дека во нападот е убиен уште еден претставник на Хезболах.
Автомобилот во кој се возеле двајцата членови на Хезболах бил погоден во напад на либанското село Мајдал Селм.
„Ова е многу болен удар. Работите ќе се разгорат сега“,
изјавил извор за Ројтерс.
Според либанската државна медиумска агенција, имало повредени во нападот на израелско беспилотно летало врз автомобил „Шкода Рапид“.
Се наведува дека возилото било на патот во близина на областа Ал-Дабша во градот Хирбет Селм, во областа Бинт Џбеил.
Експлозијата предизвикала автомобилот да излета од патот и да се запали.
Екипите на итната медицинска помош и противпожарна заштита од Цивилната одбрана, Исламските извидници, Црвениот крст и други екипи веднаш пристигнале на местото на настанот и работеле на гаснење на пожарот.