Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска информира дека преку мејл се шири лажен допис од МВР во кој, како што вели, е фалсификуван нејзиниот потпис.
Во дописот се повикуваат граѓани да отидат во полициска станица поради тековна истрага.
„Ве известувам дека преку електронската пошта циркулира фалсификуван допис. Истиот не е ниту испратен ниту потпишан од мене како Државен секретар на МВР. Се работи за груб фалсификат со цел да предизвика вознемиреност кај граѓаните“,
напиша Несторовска на Фејсбук.