Почина 63-годишна жена која беше меѓу повредените во експлозијата на плинска боца што се случи минатиот викенд во кумановското село Романовце, потврди денеска директорот на Ургентниот центар д-р Илир Хасани.
Ова е шеста жртва од експлозијата на 23 февруари во која загинаа три деца на осум, девет и 11 години, а подоцна во болница почина и 58-годишен маж. Пред три дена како последица на повредите почина и 36-годишна жена.