Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на настанот
Непознато лице, кое било во друштво со уште две, денеска попладне од огнено оружје испикало неколку истрели во воздух во близина на Смилковско езеро.

Настанот, како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), го пријавил граѓанин кој ги забележал лицата додека ловел риба кај езерото.
„Денеска (24.10.2024) во 13:25 часот во СВР Скопје граѓанин пријавил дека додека ловел риба на Смилковско езеро, забележал три лица како излегле од патничко возило ‘пежо 106’ и едното од нив извадило огнено оружје со кое испукало неколку истрели во воздух. Потоа, лицата со возилото го напуштиле местото на настанот“,
велат од МВР.
Оттаму додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
