Според него, цените на горивата во земјата се меѓу најниските во регионот, што, како што додаде, доведува до зголемена потрошувачка од страна на граѓани од соседните држави, особено во пограничните региони. Во одредени денови вели дека потрошувачката расте и до 30 отсто поради точење гориво од странски државјани. На прашањето за можни ограничувања на точење гориво во пограничните места, Мицкоски вели дека засега не се разгледуваат такви мерки бидејќи снабдувањето е стабилно
Разликата во цената на дизелот, како што рече, изнесува над 0,6 евра по литар во однос на јужниот сосед и околу 0,3 евра во споредба со Србија. Додаде дека од земјата се извезува и керозин, кој се користи на неколку регионални аеродроми, меѓу кои и во Приштина
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државата во овој момент нема никакви проблеми во синџирот на снабдување со нафта и нафтени деривати и нагласи дека резервите се стабилни, а системот функционира без прекини.

Посочи дека во земјата има доволни количини на дизел, бензин и керозин, како во државните резерви, така и во цевководот што ја поврзува рафинеријата ОКТА со солунското пристаниште, кој, како што рече, е оперативен.
„Состојбата со нафтата и нафтените деривати, како дизел-горивата, безоловните бензини, керозинот итн. се во исклучително добра состојба. Како држава во овој момент не гледаме какви било предизвици во синџирот на снабдување. Во постојана координација сме со снабдувачите. Од тој аспект не гледаме опасност и за нашите граѓаните и за бизнисите. Има доволно количини во државните резерви, но и во цевководот што го поврзува Солунското пристаниште со рафинеријата ОКТА, кој е веќе функционален и оперативен“,
рече Мицкоски по присуството на поставување камен-темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во Општина Ѓорче Петров.
Според него, цените на горивата во земјата се меѓу најниските во регионот, што, како што додаде, доведува до зголемена потрошувачка од страна на граѓани од соседните држави, особено во пограничните региони. Во одредени денови вели дека потрошувачката расте и до 30 отсто поради точење гориво од странски државјани.
„Притисокот е најголем на северната, јужната и на западната граница затоа што кај нас се убедливо најевтини и дизелот и безоловните горива“,
кажа тој.
Разликата во цената на дизелот, како што рече, изнесува над 0,6 евра по литар во однос на јужниот сосед и околу 0,3 евра во споредба со Србија. Додаде дека од земјата се извезува и керозин, кој се користи на неколку регионални аеродроми, меѓу кои и во Приштина.
„Во овој момент факт број еден е дека граѓаните кај нас користат најевтини горива во регионот и факт број два – имаме доволно количини и сега засега не гледаме никаков предизвик поврзан со недостиг. Доколку се случи таков предизвик, тогаш навремено ќе се препакуваме и ќе спремиме нова стратегија“,
вели премиерот.
На прашањето за можни ограничувања на точење гориво во пограничните места, Мицкоски вели дека засега не се разгледуваат такви мерки бидејќи снабдувањето е стабилно.
Посочи дека глобалните економски и енергетски предизвици продолжуваат да постојат, но дека домашниот систем засега функционира без проблеми и дека се обезбедени доволни количини горива за граѓаните и стопанството.
„Ние сега се радуваме на состојба нула бидејќи бевме длабоко во минус. Предизвиците изминатите две години беа жестоки, ќе бидат и понатаму исто така пожестоки, глобалните предизвици се исто така големи, но сега засега можам да кажам дека сме стабилни и предизвици од аспект на недостиг на бензини и дизел-гориво немаме“,
кажа тој.
Мицкоски пред два дена на прашање за тоа дали по 20 април Владата ќе ја продолжи мерката за намалено ДДВ за нафтените деривати, рече дека од она што го следува најмалку ќе останат истите цени на горивата, а можно е дополнително намалување следната недела.
