Сè уште не се знае како настанал пожарот. Фабриката за леб се наоѓа во индустрискиот дел на Битола.
Пожарот кој попладнево избувна во фабрикатa „Жито Битола“, во полиција бил пријавен во 17.20 часот. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи досега нема пријава за повредени лица. Објектот сè уште гори.
„Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. Досега нема пријава за повредени лица. Полициските службеници во координација со територијалната противпожарна единица Битола интензивно преземаат мерки за гасење на пожарот“,
информира МВР.
Сè уште не се знае како настанал пожарот.
Фабриката за леб се наоѓа во индустрискиот дел на Битола.