Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во појаснување до јавноста за предложените измени на Законот за работни односи наведува дека со нив не се предвидуваат измени во однос на укинувањето на можноста жените да се пензионираат на возраст од 62 години и 15 години стаж, доколу самите одлучат така.
Измените кои се предложени, нагласуваат се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години.
Можноста за порано заминување во пензија за жените останува како можност која ја нуди Законот за пензиско и инвалидско одигрување.
„Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат. Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат. Во спротивно, во согласност со Законот за пензиско и инвалидно осигурување и жените, како и мажите, правото на пензија го остваруваат со навршени 64 години возраст и 15 години стаж“,
велат од МТСП.
