Претходниот земјотрес кој беше регистрирани во 16:14 часот беше со интензитет од 4,5 степени според Рихтер. Овој потрес во Битола и околината беше почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала
По потресот во 16:14 часот, серија нови земјотреси вечерва се регистрирани во епицентралното подрачје меѓу Битола и Лерин, од кои најсилниот потрес бил во 18:44 часот со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентрите на сите потреси биле во реонот на околу 120 километри јужно од Скопје на територијата на Грција во близина со границата со земјава.
Најсилниот од овие земјотреси на територијата на Битола и околината бил почувствуван со интензитет од IV до V степени според Европската макросеизмичка скала.
Претходниот земјотрес кој беше регистрирани во 16:14 часот беше со интензитет од 4,5 степени според Рихтер. Овој потрес во Битола и околината беше почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Изминативе два дена битолскиот регион беше погоден со неколку земјотреси со епицентри во Грција. Најсилниот беше во неделата вечерта во 22:43 часот со јачина од 5,5 степени по Рихтер со епицентар на четири километри од Лерин. Земјотресот предизвика и штети односно имаше распукани внатрешни и надворешни ѕидови на објекти.
Вчера попладне, пак, имаше уште еден земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер, а со епицентар 18 километри од Битола.
*Поврзани вести:
Земјотресот што беше почувствуван вечерва кај нас е со епицентар во Грција
Распукани ѕидови во објекти во Битола како последица на земјотресот кај Лерин
(ВИДЕО) Битолчани во грч по силниот земјотрес, атмосфера налик на потресот во 1994 година
Општина Битола ќе бара помош од Владата за санирање на штетите од земјотресот
Попладнево нов земјотрес со епицентар на 18 километри од Битола